„Два од два“ има нашата селекцијаа „Под 18“ години на мини гостувањњето во Сандански.
По втор пат во рок од неполни 24 часа, избранциите на селекторот Тони Симиќ беа подобри од соодветната селекција на Бгарија.
Не така убедлива победа како во првото одмерување на силите, но сепак триумф (78:73), кој ја крева самодовербата кај нашиот јуниорски национален тим во продолжението од подготовките.
Нашата селекција ја доби првата четвртина (22:20), но онаа наредната заврши со предност на Бугарија, која на полувремето поведе со (45:37).
Сепак, по паузата од 15.минути, нашите јуниори повторно се вратија во ритам, направија голем резултатски и играчки пресврт. Ја вративме позитивата на нашата страна, и по три одиграни периоди, Македонија беше во водство (60:57), кое и покрај лошата арбитража, успеавме да го задржиме.
Андреј Шошкиќ со 21. реализација го предводеше тимот во „црвено-жолта“ комбинација до вториот успех на гостувањето во Сандански. Имаше и по пет освоени, односно исто толку загубени топки, четири асистенции и два скока. Бошалески реализираше 16.поени, надополнети со по четири скока и исто толку успешни додавања, додека пак Тома Стојановски на 15.поени додаде и девет скока и две асистенции.