25.02.2021

...

Уште едно убаво дружење и учење на девојчињата со Јелена Антиќ и проектот „Her world, her rules“

Изминатиот викенд, во спортската сала на ОУ „Стив Наумов“ во Скопје, се одржа уште еден показен и работен тренинг, дел од проектот на ФИБА Европа наменет за популаризација на женската кошарка, а насловен како „Her world, her rules“, овојпат за девојчиња родени 2012 и 2013 година и помлади

На тренингот, на кој во улога на официјален промотор на уникатниот проект „Her world, her rules“ е една од најдобрите македонски кошаркарки, Јелена Антиќ, под будното око на професорите од ова основно училиште во општината Гази Баба, работеа 22. девојчиња од најмалите возрасни категории на кошаркарската игра.

„Како дел од испланираните активности, предвидовме организирање на уште еден минибаскет собир кој би се случил во Велес, на 8. март, односно на денот на жените. А уште еден таков турнир ќе биде организиран и во наредниот месец, во април, во Битола“ - вели Мирко Ивановски, организаторот на овој единствен проект за женска кошарка кој го органзира европската канцеларија на ФИБА.