10.07.2022

Во Куманово, убедливи (70:49) за нашиот национален тим „Под 20“

Уште подобра игра, и убедлив триумф на младинскиот тим против Швајцарија

Во рок од 24 часа селекциите на Македонија и на Швајцарија го одиграа и вториот контролен натпревар, како дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 15. до 24. јули ќе се одржи во Тбилиси.

 И по втор пат нашите млади кошаркари излегоа како победници. Делуваа уште посигурно на втората „контрола“ против гостите од Швајцарија, реализирана вечерва во Куманово.

Имаа силен старт, по десет минути од играта, селекцијата која ја предводи селекторот Никола Василев направи висока предност (29:12), која до одморот еше уште повисока. По 20.минути, македонските младинци водеа со (41:18), кога и беше трасиран патот до новиот успех во подготвителниот период, реализиран без помош на Андреј Андоноски кој дои поштеда од стручниот штаб.

На овој меч, поентерски, со 18.поени, се издвои Амар Хот, и беше единствениот кој заврши со двоцифрен број на реализации во нашата селекција „Под 20“ која се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните тренинзи пред заминувањето за Грузија.

На првата од двете планирани средби, вчера во „Скопје, во малата сала на„Кале“, Македонија славеше со убедливи (77:59).

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 70:49

(29-12; 12-6, 13-18; 16-13)

МАКЕДОНИЈА: Перица 6, Петрушевски 4, Столевски 0, Миловановиќ 6, Данаиловски 2, Савиќевиќ 5, Златев 5, Младеновски 8, Хот 18, Наков 5, Василевски 5, Тачи 2, Петков 4;