19.05.2019

Успешно организирана меѓународна клиника за судии

Десет арбитри од нашата Република и од Европа изминатите пет дена земаа учество на меѓународна клиника која беше организирана во нашата престолнина Скопје.

Арбитрите слушаа предавања од меѓународни ФИБА инструктори - Миодраг Личина и Ѓорѓи Пиперков како и од Даворин Накиќ кој е одговорен за одделот за кошаркарски арбитри при ФИБА (Европа), а во попладневните часови ја делеа правдата на натпревари од домашните првенства и тоа од Плејаут лигата, Прва лига жени, Втора лига мажи како и на завршниот турнир во возрасната категорија до 18 години во машка конкуренција.