Собир на кој арбитри со беџот на ФИБА, потоа националниот инструктор, Ѓорѓи Пиперков, и в.д. Претседателот на Судиска Комисија на Град Скопје, Влатко Цветаноски, предаваа на актуелни теми во кошарката.
Пред се од сферата на делењето на правдата на терените.
Александар Милојевиќ одржа предавање на тема „Индивидуални техники на судење“, додека Иван Мијалковски говореше за „техничка грешка“.
„Аспекти на модерно судење и заштита на шутер“ беа размислувањата на Игор Митровски, а „Механика на судење со двајца судии“ споделија Алија Феревски и Томи Панов.
Присутните на семинарот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје се запознаа и со „Критериуми и методика на оценување на судиите на кошаркарски натпревар“ кои ги презентираше ФИБА националниот инструктор, Ѓорѓи Пиперков.