28.09.2020 Во соработка со Здружението на кошаркарските тренери одработен е првиот, задолжителен, тренерски семинар за сезоната 2020/2021. Во изминатите два дена во салата во СРЦ „Кале“ свои предавања имаа двајца поранешни селектори на репрезентацијата на Македонија, Марјан Србиновски и Јовица Арсиќ, Тане Спасев и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Ленче Алексовска-Величковска. Со оглед на моментално неповолната здравствена ситуација во нашата земја, предизвикана од пандемијата од КОВИД-19, предавањата беа изведени интерактивно, односно со помош на ZOOM апликацијата.