Уште една генерација на играчи родени 2010 и 2011 година е вклучена во системот на работа во оние репрезентативни категории.
Во Маврово, во изминатите седум дена успешно беше реализирана првата фаза од проектот насловен како „New Generation Development“, во кој во наредниот период, од 2022 до 2024 година, ќе бидат вклучени националните тимови „Под 13“ години, на Македонија, Романија, Турција, Бугарија и Косово.
Вкупно 60. млади кошаркари и кошаркарки, под водство на 12. домашни тренери, во изминатата седмица вредно работеа според програмата која ја изготвија експертите од Турција, присутни на кампот во Маврово.
За разлика од претходните години од проектот, ова лето по втор пат се вклучени експерт-тренери во машките и во женските селекции, за целосна, полова еднаквост на кампот, во секој поглед.
Камперите добија голема помош од турскиот двоец Ибрахим Далоглу и Иргецан Ишик, кои се погрижија младите кошаркари да си заминат дома со уште поголеми вештини, знаења, и искуство потребно за нивниот понатамошен кошаркарски развој.