27.10.2021

На годишното Собрание на федерацијата, беше прифатен и извештајот за работата на федерацијата за 2020/2021 година

Усвоен финансискиот извештај за 2020 година

Претставниците на клубовите-членки на Собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година.

Освен тоа, со 23 гласови „за“, на годишното Собрание кое беше одржано денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на Собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/2021.

Претходно, претставниците на клубовите го усвоија записникот од Собранието одржано на 10.декември, во 2020 година, односно записникот од вонредното, дописно Собрание на федерацијата, кое беше одржано на 15.септември, 2021 година.