28.06.2018

Усвоен предлогот за намалување на бројот на странски играчи во ПЛМ

Членките на Собранието на Македонската кошаркарска федерација преку дописно собрание се изјаснија за промена на членот од Регистрацискиот правилник на МКФ со кој се дефинира бројот на странски ирачи во машката сениорска конкуренција (Првата лига мажи). Со мнозинство гласови односно 19 „за“ од вкупно 30 членки со право на глас, промената на членот е усвоена.

Досега, членот 32 (5) од Регистрацискиот правилник дозволуваше пријавување и настап на најмногу шест странски играчи во составот на еден натпревар притоа на теренот да нема помалку од два домашни играчи.

Новите предлози, истакнати од Македонската кошаркарска федерација по одржана јавна дебата и неколку состанока со клубовите кои натпреваруваат во Првата лига (мажи) се:

Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 3(три) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар до завршување на вториот дел на првенството. Во Супер лигата со настап не помалку од 2(два) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар. Одлуката ќе важи за натпреварувачка сезона 2018/19;

 

Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 3(три) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар до почеток на плеј оф натпреварите. Во Полуфиналните и финалните натпревари со настап не помалку од 2(два) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар. Одлуката ќе важи за натпреварувачка сезона 2019/20;

 

Клуб во Прва лига мажи има право на пријавување и настап најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 3(три) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар.Одлуката ќе важи за натпреварувачка сезона 2020/21.

 Со прифаќањето на предлогот на Македонската кошаркарска федерација членките на Собранието потврдија дека ќе продолжат да се залагаат за поголема доверба и минутажа на домашните играчи со што ќе се зголеми квалитетот.