Африка ќе ја претставува Нигерија. Засега, американскиот континент ги има Аргентина и САД. Од Азија ќе играат Иран и Јапонија, како домаќин на турнирот. Од Европа тоа се (засега) Шпанија и Франција, додека пак претставник на Океанија ќе биде Австралија.
Останатите четири места ќе бидат пополнети по одигрувањето на олимписките квалификациски турнири кои се закажани во периодот од 29.јуни до 4.јули. Ќе се играат во Белград (Србија), Каунас (Литванија), Сплит (Хрватска) и Викторија (Канада).
На утрешната ждрепка во „Куќата на кошарката Патрик Бауман“ во Мие, која ќе стартува од 10.30 часот, и ќе се реализира зад „затворени врати“ поради актуелната ситуација со пандемијата која ја предизвика Ковид-19, 12.национални тимови ќе бидат поставени во четири јакосни групи, согласно со моменталниот пласман на ФИБА светската рејтинг листа.
Како први носители на ждрепката се селекциите на САД, Шпанија и Австралија. Во втората „линија“ се поставени, Франција, Аргентина и победникот на турнирот во Белград. Од третиот „шешир“ ќе бидат извлекувани селекциите кои ќе бидат победници на другите три рквалификациски турнири во Викторија, Каунас и Сплит, додека најслаборангираните тимови, Нигерија, Иран и Јапонија се „сместени“ во четвртиот.
ФИБА предвидува одредени „рестрикции“ при формирањето на групите. Во една група не смее да играат повеќе од две селекции од ист континент, и не повеќе од една од останатите континенти.
Како изгледа процедурата за утрешната ждрепка...
Слична е процедурата и за женскиот олимписки турнир...
За пат за Токио одамна се подготвуваат селекциите на Нигерија (од Африка), Канада, САД и Порторико (Америка), Кина, Кореја и Јапонија (домаќин) од Азија, Белгија, Франција, Србија и Шпанија (Европа) и Австралија која ја претставува Океанија.
А согласно актуелниот пласман на ФИБА рејтинг листата одредени се и носителите на ждрепката:
ПРВА ГРУПА: САД, Австралија, Шпанија
ВТОРА ГРУПА: Канада, Франција, Белгија
ТРЕТА ГРУПА: Србија, Кина, Јапонија
ЧЕТВРТА ГРУПА: Нигерија, Кореја, Порторико