28.09.2025

Славеа победа против босанскиот претставник со резултат (76:69)

ВАБА 2 ЛИГА: Крива паланка победнички и против Бановичи

Максимален ефект по две одиграани кола во втората женска ВАБА лига имаат кошаркарите на Крива паланка откако денеска славеа победа над босанскиот претставник РМУ Бановичи

КРИВА ПАЛАНКА – РМУ БАНОВИЧИ 76:69

 

Слично како на претходниот меч против Подгорица, одигран пред неполни 24.часа, тргнаа кошаркарките на Крива паланка и на средбата со РМУ Бановичи. Уште во првите десет минути се стекнаа со голема предност, (29:14), која успешно ја сочуваа до крајот на мечот, втор за нив во рок од два дена одигран на домашен терен во салата „Бранители 2001“.

Противникот се врати, но само делиумно во наредните две четвртини, кога успеа да ја преполови негативата, и во последната двете екипи да влезат со резултат (61:54).

Минути во кои домашната екипа не дозволи позитивата да се симне под знакот на „сериозна“, со која го потврдија и вториот успех на почетокот од регионалното женско натпреварување.

Слична беше и „распределбата на поените“ во Крива Паланка, со забелешка дека на оваа средба, во улога на прв стрелец беше Алексис Пул која постигна 26.поени, но имаше и одлични 17.скока. Дабл-дабл од 12.поени и 10.скока реализираше Аби Нијхуис, Даја Грин беше стрелец на 19.поени, (имаше и девет скока, додека Михаела Алексовска заврши со 11.реализации и по два скока и исто толку асистенциии.

Во третото коло, кое ќе се игра на 25. октомври, кошаркарките на Крива Паланка ќе гостуваат во Австрија, противник им е екипата на Клостеренбург