05.05.2021

Шпанците го совладаа Нижњи Новгород со (86:78), 15. поени и 8.скока за нашиот репрезентативец во првото четвртфинале на „Ф8“

Вајли ја внесе Сарагоса во полуфиналето на Лигата на шампионите

Џејкоб Вајли и неговата екипа Касадемонт Сарагоса ќе играат во полуфиналето на ФИБА Лигата на Шампионите.

Во првиот четвртфинален натпревар од „Фајнал-ејт“ турнирот кој се одржува во рускиот Нижњи Новгород, шпанскиот претставник славеше победа (86:78) токму против организаторот на овој собир.

А Џејкоб Вајли, заедно со Дилан Енис и Елиас Херис се творците на големата победа. Македонскиот репрезентативец како стартер, одигра 26:26 минути во кои реализираше 15. Поени, со 70% на реализација во шутот од поле (7/10 за два и 1/2 за еден поен). Силното крило дополни со осум скока (три офанзивни, а имаше и по една асистенција, освоена односно загубена топка.

За индекс 21, втор во екипата од Сарагоса која за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од мечот Нимбурк-Пинар Каршијака кој стартува од 20.30 часот.