23.08.2018 Националната селекција до 14 години го започна настапот на меѓународниот турнир Slovenia Ball со проаз од домаќинот на овој пандан на континентален собир - Словенија. Поразот на избраниците на Благоја Кечовски не им ја снижи самодовербата, напротив ги инспирира за да запишат триумф над соодветната селекција на Хрватска. Од Словенија загубивме со 69-56, а Хрватска ја совладавме со убедливи 82-55. МАКЕДОНИЈА - Словенија МАКЕДОНИЈА - Хрватска - Не можам да не бидам задоволен од ваква победа. Момците одиграа фантастично на терен, немаше нешто што беше договорено, а неиспочитувано од нивна страна. Ваква победа на Slovenia Ball досега не сме имале! Победа над Словенија во првиот натпревар ни избега во последните три минути. Имаме уште натпревари до крајот на натпреварувањето, имаме шанси да покажеме што знаеме и што работевме во изминатиот период. - Задоволен е од своите борци на теренот, селекторот Благоја Кечовски.