По доаѓањето од Сарагоса и непосредно по тренингот одработен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, селекторот Драган Бајиќ се одлучи за една промена во ростерот.
За средбата против Украина, која ја играме утре вечер од 18.часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Бајиќ ќе смета и на Валмир Какруки, кој ќе го замени Виктор Ефремовски (проблеми со вирус), еден од играчите кои не добија шанса за настап на гостувањето во Шпанија.
Крилото на Работнички не е во улога на дебитант, ако се земе в предвид дека во овој квалификациски циклус веќе доби шанса да заигра за нашиот сениорски национален тим. Играше на двете средби против селекцијата на Грузија во кој собра четири минути.
Утре вечер Какруки ќе чека нова шанса да го зголеми бројот на одиграни минути за сениорскиот состав кој го финишира првито круг од натпреварите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.