03.10.2023

Младите „вардарки“ реализираа една победа на турнирот во Шабац, „баделки“ ќе ја бараат првата победа на наредниот турнир во Скопје

Вардар и Бадел 1862 ги стартуваа натпреварите во јуниорската WABA лига

Женските јуниорски селекции на Вардар и на Бадел 1862, овој викенд во Шабац ги почнаа натпреварите од У17 лигата, која е дел од женскиот сегмент на WABA конкуренцијата.

Како дел од групата „Б“ во ова натпреварување, нашите претставници ги одиграа натпреварите од првиот од неколкуте предвидени турнири преку кои ќе се дојде до најдобрите четири од вкупно 18. клубови пријавени за ова натпреварување.

Во оној натпреварувачки сегмент на турнирот во Србија, младите кошаркарки на Вардар забележаа половичен ефект, односно скор од една победа и еден пораз.

Беа подобри од екипата на Будуќност од Бјелина (70:63), во натпревар во кој Начевска запиша 21.поен, Пислевска имаше 12, и Николиќ, која постигна уште 11.поени.

Екипата од „Кале“ запиша и минимален пораз, од екипата Дуга, (66:67). Слична беше распределбата на поените и на овој меч. Со забелешка дека Пислевска реализираше 20.поени, Начевска даде 14, но имаше и 11.скока, додека пак Мариновска дополни со 12. поени.

Екипата на Бадел 1862 се врати од Шабац со два порази, еден од нив и минимален, запишан на средбата со Дуга (59:63), во која избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ надополнија двоцифрена негатива од полувремето. Но немаа сили за конечен пресврт.

По десет поени имаа Дора Алексова и Јана Чолакоска...

Младите „баделки“ заостанаа и во мечот со Будуќност од Бјелина, кој го загубија со резултат (54:65), а Дора Алексова беше реализатор на 12. поени.

Наредниот викенд продолжуваат натпреварите во оваа конкуренција. Следува турнирот во Скопје, каде во улога на ко-домаќини ќе бидат токму двете македонски екипи.

ВТОР ТУРНИР WABA ЛИГА У17 – СКОПЈЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

7.ОКТОМВРИ (САБОТА)

16.00: Бадел 1862 – Сеа Старс

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

18.00: Вардар – Будуќност Бемакс

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

8.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Вардар – Сеа Старс

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

14.00: Бадел 1862 – Будуќност Бемакс

Сала „Независна Македонија“ – Скопје