07.06.2023

Немаше многу дилеми во конечниот избор, кој е најдобриот актер на финалето

„Вардарката “ Ања Начевска е МВП на турнирот

Младата кошаркарка на Вардар, Ања Начевска е најкорисната кошаркарка на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

Младата репрезентативка имаше два одлични настапи. Особено тоа се однесува во големото финале, во кое го однесе својот тим до шампионскиот трофеј.

Во полуфиналето и немаше особено висока минутажа, со оглед на тоа дека Вардар брзо направи висока предност во дуелот со МЗТ Скопје Аеродром.

Но во мечот за трофејот, беше на висината на својата задача. Беше најефикасен актер на финалето. За 25. минути во игра, постигна 26.поени (1/4 за три, 7/11 за два и 9/10 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа додаде и десет скока, по две асистенции и освоена топка, и две загубени. Сето тоа доволно за индекс 32, и признанието за најкорисен играч на турнирот кое и го врачи тим-менаџерот на националните репрезентации, Ѓорѓи Чековски.