Немаше многу дилеми околу изборот која кошаркарка од четирите екипи кои беа дел од завршниот турнир во М14 лигата, придонесе најмногу за успехот на својот тим.
Повеќе од заслужено, кошаркарката на Вардар, екипата која го освои турнирот во СРЦ „Кале“, Теа Трајковска го доби признанието за најкорисен играч на завршницата од оваа младинска лига, кое и го врачи нашата репрезентативка, Ивана Кметовска.
Трајковска имаше две одлични изданија, прво во полуфиналето против екипата на Струга 2009, реализираше 29. поени.
Слично беше нејзиното издание и во мечот за титулата, во три одиграни период, собра 27.поени (не играше во последниот), и повеќе од доволно за да ги тргне сите дилеми околу изборот за МВП на турнирот.