Слави МЗТ Скопје, слави и Васил Атанасов уште еден трофеј како предводник на најдобрата македонска екипа во изминатите години.
Вечерва го донесоа во Аеродром и седмиот победнички пехар од Суперкупот на Македонија.
Со одлично второ полувреме, „сино-белите“ ги анулираа сите аномалии видливи во играта во првото полувреме, особено стартните 15.минути од дуелот со Пелистер.
„Пред се мислам дека беше добар натпревар за гледачите. Ја знаевме тежината на самиот натпревар, но и дека после првото полувреме ќе одиграме далеку подобра одбрана и напад.
Честитки до моите играчи и стручен штаб за прикажаната игра, и благодарам на публиката за подршката во сите 40. минути. Ова за нас беше добро отварање на сезоната и нов трофеј во Аеродром“- краток беше во својот коментар, првиот тренер на МЗТ Скопје.