Судиската комисија при КФСМ успешно ги реализираше планираните активности во овој период од годината во кој поради пандемијата која ја предизвика коронавирусот немаше кошаркарски активности.
Согласно планираното, беа реализирани две презентации од страна на националниот ФИБА инструктор, Ѓорѓи Пиперков.
На првата, реализирана на 31. мај, со присуство на 57 „следбеници“ на ZOOM платформата, судии, делегати и опсервери, националниот ФИБА-инструктор говореше на тема: „Механика на судење со три судии (3РО) и (IOT) индивидуални техники на судење“.
На втората, која беше изведена на 14. јуни, Пиперков ги запозна и дискутираше со присутните 40 колеги за „Момент на шут и приземјување AOS-LANDING“.
„Ги запознавме луѓето од судискиот департмент на ФИБА за успешно реализираните активности од наша страна во овој период во кој кошарката, како и другите спотови, се стопирани поради пандемијата. Фидбекот од двете презентации кој ги реализираше националниот ФИБА инструктор е одличен. Предавањата на г-динот Ѓорѓи Пиперков се поставени и на официјалниот сајт на судискиот оддел на ФИБА. Тука не застануваме, веќе од август продолжуваме со други активности кои се поврани со дополнителна едукација на нашето членство“ – вели Елена Велкоска, претседател на Судиската комисија на КФСМ.
КФСМ е вклучен во уште еден проект поврзан со судискиот ФИБА оддел. Тоа е реализација на вебинар едукацијата за талентирани судии-жени кој е дел од проектот на ФИБА.
Нашата федерација предложи четири талентирани женски судии кои се дел од овие онлајн предавања преку кои се стигнува до судискиот беџ на Светската кошаркарска федерација.