12.07.2021

...

Ви ги претставуваме членовите на стручниот штаб на нашиот сениорски национален тим – Александар Јончевски – асистент тренер

Ви ги претставуваме членовите на стручниот штаб на нашиот сениорски национален тим 

АЛЕКСАНДАР ЈОНЧЕВСКИ (асистент-тренер)

ДАТУМ НА РАЃАЊЕ: 09.01.1981 ГОДИНА

РАБОТНО ИСКУСТВО

Од 2021 година, шеф на стручниот штаб на КК Гостивар

Од 2018 до 2020 година, шеф на стручниот штаб на КК „Кожув“- Гевгелија

2018 година, асистент тренер во КК Работнички-Скопје (освоена шампионска титула)

Во 2017 година, шеф на стручен штаб на КК Спартак-Суботица (Србија)

Од 2016 до 2017 година, шеф на стручен штаб на МЗТ Скопје Аеродром

Од 2015 до 2016 година, шеф на стручен штаб на МЗТ Скопје (освоен Куп и шампионат на Македонија)

Од 2012 до 2015 година, асистент и главен тренер во КК МЗТ Скопје Аеродром (прво место во Суперлигата и шампион на Македонија)

Од 2011 до 2012 година, асистент тренер во КК Работнички (освојувач на Супер Куп на Македонија)

Од 2010 до 2011 година, прв тренер на КФУМ Упсала (Под 18 години) - Шведска

2021 година – актуелен асистент-тренер во сениорскиот национален тим на Македонија

Во 2019 – прв тренер на „Б“ националниот тим на Македонија

2017 до 2018 – асистент-тренер во сениорскиот национален тим на Македонија (ФИБА квалификации за пласман на СП во Кина 2019)

2015 година – асистент-тренер во националниот тим на Македонија на Евробаскет 2015 во Хрватска

2013 – асистент-тренер во националниот тим на Евробаскетот 2013 година во Словенија

2012 година – асистент тренер во сениорскиот тим на Македонија (олимписки квалификациски турнир во Венецуела)

ЕДУКАЦИЈА И ТРЕНИНГ

Средно училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје

Факултет за Физичко образование, Спорт и здравје – Скопје

Мастер-диплома за бизнис администрација на „СЛУ Универзитет“ во Упсала (Шведска)

ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ

*Најдобар тренер во Македонија за 2016 година од страна на Кошаркарска федерација на Македонија.

*Најдобар тренер во Македонија за сезоната 2015/2016 година според „Евробаскет“

*Двојна круна во сезона 2015/2016 со МЗТ Скопје Аеродром

*Четири шампионски титули како асистент тренер во МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички-Скопје

*Три титули, национален Куп на Македонија, како асистент-тренер во МЗТ Скопје Аеродром

*Четири титули во Супер Купот на Македонија како асистент тренер во МЗТ Скопје Аеродром и Работнички од 2012 до 2016 година

*Прв тренер-странец во Србија во последните 15. години