Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, и капитенот на машката сениорска репрезентација, Војдан Стојановски, денеска беа во посета на детскиот оддел на клиничката болница „Аџибадем Систина“. Посетата беше во рамки на настан за обновување на договорот помеѓу Кошаркарската Федерација и клиничката болница.
Двајцата капитени, едниот поранешен и едниот актуелен, посетија неколку деца кои се лекуваат на детскиот оддел, се запознаа со нив и им подарија топки и дресови со автограми.
Како изгледаше посетата погледнете на видеото подолу во написот.
Како Претседател на Кошаркарската Федерација сум пресреќен, заедно со мојот тим, што продолжува договорот со Аџибадем Систина – болница која ги има најсовремените апаратури за играчиуте. Ние како федерација, како нивен сервис, го обезбедивме најдоброто. Морам да го поздравам мојот добар пријател Орце Камчев кој ни излезе во пресрет за да го продолжиме договорот и играчите да имаат најдобри услови за терапии, не дај Боже повреди и за враќање во најдобар можен ред. – потенцира Антиќ непосредно по завршувањето на кратката обиколка во детскиот оддел на клиниката и додаде:
„Насмевката на лицето на децата е нешто бесценето. Пресреќен сум за можноста што ми дозволија докторот и болницата да ги посетиме децата и да им ја вратиме насмевката на лицето“ – заврши Антиќ.