09.11.2022

.

Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржа сениорската репрезентација

Денеска, Кошаркарската Федерација со Видеолотарија Касинос Австрија на заедничка прес-конференцијата официјално објавија спонзорството на машката македонска кошаркарска репрезентација.

- Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш покажува дека продолжува со поддршката во спортот и во таа насока денес споделува убава информација со вас, спонзорство на Кошаркарската федерација за двата натпревара кои се делат од претквалификациите за Евробаскет 2025. Јас можам да напоменам дека и претходно соработувавме заеднички и верувам дека сите заедно ќе навиваме за македонската репрезентација. Оваа соработка не е еднократна и краткорочна, туку и понатаму ние ќе даваме поддршка на македонскиот спорт. Да навиваме заедно за Македонија! - истакна Вики Чадиковска од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ се заблагодари за поддршката која ја добиваат од Видеолотарија.

– За добри услови се потребни финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и благодарност до целиот нивни тим. Потребни се одлични услови за клучните два натпревара за нашите репрезентативци, а Видеолотарија излезе во пресрет да ни помогне во таа намера. Апел до уште повеќе компании да помагаат во кошарката, фудбалот и во кој било друг спорт. - изјави Антиќ.

Сениорските репрезентативци ќе одиграат два натпревари во Гевгелија, во рамки на втората рунда претквалификации за Евробаскет 2025 - утре со Норвешка, а три дена подоцна (13 ноември) со Данска.