03.07.2025

„Со здружени сили – играчи, навивачи, институции и компании - до нови победи“ - потенцираа старите партнери по новата соработка

„Видеолотарија Касинос Австрија“ со нова поддршка за македонската кошарка

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија повторно застанува силно и безрезервно на страната на спортот – овојпат како поддржувач на македонската кошарка. 

Во просториите на „Видеолотарија Касинос Австрија“ денес беше потпишан нов спонзорски договор со Македонската кошаркарска федерација.

„Соработката со КФСМ е континуитет на нашата заложба за унапредување на спортот во Македонија. Веруваме дека со здружени сили – играчи, навивачи, институции и компании – можеме да стигнеме до победа“ - истакнаа од „Видеолотарија Касинос Австрија“.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев ја изрази својата благодарност нагласувајќи дека „Видеолотарија Касинос Австрија“ е меѓу првите компании кои уште веднаш реагираа на нивното барање за поддршка на федерацијата.

„Сакам да упатам една голема благодарност до ‘Видеолотарија Касинос Австрија’, што, како и во минатото, значи оваа соработка има една поранешна историја и убаво е што тој тренд продолжува и понатаму. Таа поддршка не само кон нас како федерацијата, туку и луѓето кои што ние ги презентираме во таа федерација. Нашите кошаркари, нашите млади кошаркари, нашите репрезентации, сениорски, младински...

Овој континуитет секако многу значи за нас, и не само за нас и за луѓето, кои, верувам дека ќе го следат овој тренд на оваа подадена рака. А ние сме тука да го прифатиме ова и од секоја една друга компанија која има слух за развојот на спортот во Македонија. Уште еднаш, би сакал да искажам една благодарност до вас, и до првите луѓе на компанијата. И се надевам дека таа наша доверба ќе ја оправдаме заеднички во иднина, дека не само ќе можеме да ја продолжиме и со некои подобри резултати, и малку да се пофалиме, и пред вас, а и пред нашата јавност“ – изјави претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев.   

И потпретседателот, Младен Ѓуроски ја изрази својата благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста од вакви партнерства за развојот на македонската кошарка и спортот воопшто. Пред медиумите Ѓуроски го претстави и дресот со аплицираното лого на Видеолотарија.

„Видеолотарија Касинос Австрија“ најави дека со гордост и задоволство ќе биде дел од спортските натпревари на федерацијата, навивајќи заедно со сите кои веруваат во „црвено-жолтите“. Натпревари за кошаркарите се шанса да се покаже тимскиот дух и борбеност, а за нас како општествено одговорна компанија и нова можност да ја докажеме нашата поддршка и верба во кошаркарските успеси.