20.11.2020

Ќе стартува со 13.екипи-учесници, откако во последен момент се откажа екипата на Патриот 2016 од Делчево

Викендов почнува новата натпреварувачка сезона во Првата лига-жени

Овој викенд ќе започнат натпреварите во Првата лига-жени од сезоната 2020/2021.

И тоа со една екипа помалку од предвидените 14. Во последен момент, своето учество во друштвото на најдобрите женски екипи го откажа екипата на Патриот 2016 од Делчево.

Во групата „Исток“ ќе се натпреваруваат екипите на: Баскет КАМ, ЖКК Куманово, Крива Паланка, ЖКК МЗТ Скопје Уни Банка, ЖКК Вардар и Пробаскет.

Во групата „Запад“, ќе играат екипите на: Трокал, Пантери, ЖКК Шкупи, ЖКК Бадел 1862, ЖКК Работнички, Гостивар 2009 и Струга 2009.  

РЕГУЛАРЕН ДЕЛ

Согласно со усвоениот систем за натпреварување за сезоната 2020/2021, натпреварите во Првата лига-жени ќе се играат во две одвоени лиги, со по шест, односно седум екипи, по двокружен бод-систем, секој со секого, еднаш дома, еднаш на гости, во 14. кола.

Поредокот на првите три екипи од двете лиги се одредува според пласман по завршувањето на првиот дел од првенството.

Бодовите од првиот дел на првенството се пренесуваат во Супер лигата, каде ќе се одиграат десет кола секој со секого еднаш дома, еднаш на гости.

Екипите пласирани од 4 до 7. место од двете лиги продолжуваат во плеј-аут лигата, со пренесени бодови од првиот дел на првенството.

Последнопласираните шест екипи од плеј-аут лигата од следната натпреварувачка сезона 2021/2022 испаѓаат во Втора лига жени.

Првата лига жени во сезоната 2021/2022 ќе брои осум екипи.

ПЛЕЈ-ОФ

Екипите пласирани од првото до четврттотo место ќе играат плеј-оф, односно разигрување за државен првак.

Полуфиналето се игра во два добиени од најмногу три натпревари, по следниот распоред: (А1-А4), (А4-А1), (А1-А4); (А2-А3), (А3 - А2), (А2-А3).

Екипите кои во првиот и вториот дел имаат скор (4-0) или (3-1) во меѓусебен дуел, ке имаат предност од (1:0) во полуфиналето од плеј офот.

Победниците од полуфиналните серии, ќе играат финална серија на плеј-оф, во три добиени од најмногу пет натпревари, според следниот распоред: (А1-А2), (А2-А1), (А1-А2), (А2-А1), (А1-А2).

Екипата која во првиот и вториот дел има предност од (4-0) или (3-1) во меѓусебен дуел, ќе има  предност од (1:0) во финалето на плеј офот.

Победникот од финалната серија на плеј-оф разигрувањето станува државен првак во кошарка за жени, за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Согласно со добиените натпреварувачки броеви, во првото првенствено коло, кое е на програмата овој викенд ќе се сретнат:

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ - ПРВО КОЛО

ИСТОК

САБОТА:

12.00: Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

17.00: Вардар – Пробаскет

Куманово – слободен

ЗАПАД

НЕДЕЛА:

12.00: Пантери – Шкупи

14.00: Гостивар – Струга 2009

ОДЛОЖЕНО

Бадел 1862 – Работнички (25.11)