20.12.2019

ВИКЕНДОВ ВО СКОПЈЕ, ТУРНИР ВО АБА ЈУНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Бадел 1862 и Струга 2009 против двоецот од Славонски Брод

Освен првенствените возбудувања, овој викенд две наши екипи во женска конкуренција ќе се појават и на меѓународна сцена.

Јуниорските селекции на Бадел 1862 и на Струга 2009 ќе бидат дел од турнирот од АБА конкуренцијата за кошаркарки „Под 17“ години, кој ќе се игра на 22. декември (недела).

Во улога на домаќин во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје е екипата на Бадел 1862. А освен стружанки, во битка за првото место се вклучени и две екипи од Хрватска.

Интересно доаѓаат од ист град – Славонски Брод, и со скоро исти имиња Брод, односно Брод на Сави.

Согласно со распоредот, двата наши претставници ќе одиграат по два натпревари против гостинските од Хрватска.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

22.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

10.00: ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Брод

12.00: ЖКК Струга 2009 – ЖКК Брод на Сави

14.00: ЖКК Брод – ЖКК Струга 2009

16.00: ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Брод на Сави