20.08.2025

„Покажавме дека овој тим има квалитет кој во иднина може да се надградува“

Виктор Ташовски: „Можеби требаше и порано да дојдеме до победа“

Извесно е дека вечерва Виктор Ташовски ја одигра својата најдобра партија во дресот на македонската сениорска репрезентација.

Она што младиот бек го одигра на дуелот со Унгарија, во исто време, слободно може да се каже, го отсликува и оној „раст“ на тимот кој беше заедно ви изминатите месец дена. Кој одигра добри мечеви во претквалификациите, со исклучок, веројатно на гостувањето во Солнок, и кој вечерва покаже е дека е на вистинската патека која носи прогрес:

„Конечно стигнавме до првата победа. Можеби требаше и порано да дојдеме до неа, но мора од некаде да се почне, а тоа се случи денеска.

Можеби овој меч резултатски не значеше ништо, но за нас како млада екипа, значи многу. Се надевам дека ќе продолжиме вака и дека ќе стигнеме до големо натпреварување. Одигравме одличен натпревар, покажавме дека овој тим има квалитет кој во иднина може да се надградува“- рече еден од најдобрите играчи во нашиот тим оваа вечер во СРЦ „Кале“.