Лорен Вила, шефот на стручниот штаб на По Лак Ортез, има високо мислење за капитенот на нашиот национален тим.
Тоа Вила го знаел и од порано, а се уверил и по само неколкуте одработени тренинзи:
„Ние добивме, ние имаме играч кој има високо ниво на искуство. Во изминатиот период е присутен на врвните европски натпреварувања. Во изминатите шест сезони беше дел од многу добри екипи.
Она што знам е дека каде и да бил, Војдан оставил одличен впечаток, без разлика околу тоа дали такви потврди доаѓаат од неговите тренери или пак од страна на неговите поранешни соиграчи“ – вели Лорен Вила.
Првиот тренер на екипата од По смета дека Војдан е високо интелигентен играч, каков што му треба на овој тим кој го има на располагање.
„Тој е вистински играч, со многу добра кошаркарска интелигенција на теренот, но и во соблекувалната.Тој има прилично широк регистар во играта. Игра многу лесно, без воопшто да ја успорува играта. Може да донесе голема опасност во нападот. Без многу потешкотии да постигнува по 20. поени по натпревар. Но освен тоа, знае, и е способен за ‘возење‘ и во одбраната. Игра доста добро во дефанзивата. Сето тоа е една добра целина“- аналазира новиот тренер на Војдан Стојановски, по првите одработени тренинзи.