18.09.2022

...

Вили Ернангомез е најкорисниот играч на евро-шампионатот

Веднаш по финалето во „Мерцедес Бенз“ Арената во Берлин, беше прогласена идеалната петорка на првенството, а избран и најкорисниот играч

Ја сочинува шпанскиот двоец Вили Ернангомез и Лоренцо Браун, Јанис Адетокунпо (Грција), Денис Шроедер (Германија) и Руди Гобер (Франција).

Еден од носителите на играта на новиот европски шампион, Вили Ернангомез, е избран за најкорисен играч на шампионатот кој повторно се играше во четири земји, Италија, Грузија, Чешка и Германија.