Затоа беше нејзиниот прв официјален натпревар во нашата сениорска женска репрезентација, Би се рекло еден нормален тек на настаните, ако се земе в предвид дека новата кошаркарка на Бадел 1862, претходно ги помина сите младински селекции.
Впрочем, со своите 17. години, (родена на 17. февруари, 2003 година), сеуште има право на настап и во нашата женска јуниорска селекција, онаа „Под 18“, години, секако и во онаа „повозрасната“, кошаркарки „Под 20“ години, кои се дел од младинската конкуренција според ФИБА регулативите.
Селекторот Владимир Ѓоровиќ имаше „сенс“, и во финишот од дуелот со фаворизираниот противник, и ги даде првите 2:17 минути на Димитријевиќ (имаше и едно успешно додавање). И тоа на првиот меч кој за нашиот национален тим го одигра и Девана Бонер.
Ова е и некоја „практика“ на селекторот, кој во првиот циклус од квалификациите и даде минути и на уште една млада кошаркарка, Габриела Модева, која исто така вчера се појави на теренот во Олимпискиот комплекс во Рига.
Димитријевиќ и Модева се дел од младиот бран на кошаркарки како Матеа Николиќ и нешто „постарата“ Јована Петрушевска (родена 2000 година), кои се вклучени во работата на сениорската репрезентација.
Да учат од своите постари колешки, во обидот да стигнат до оној „сениорски стаж“, потребен за идните предизвици кои ќе ги има нашиот женски национален состав.
Ова е само првиот чекор за Димитријевиќ...