12.01.2020

Витингтон и Бетис бегаат од дното, Хувентуд без шанси во Валенсија

Во шпанската АЦБ лига се играше 17.коло. Екипата од Бадалона прегазена во Валенсија (70:100), онаа од Севиља изненади во Фуенлабрада, славеше убедливо со (85:69)...

 

Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд беа на тешко гостување во Валенсија, додека пак  Шејн Витингтон и Реал Бетис исто така играа на гостински терен, но во Фуенлабрада.

Евролигашот ја опрада улогата на фаворит против „зелено-црните“. Уште во првите 20.минути реализираше двоцифрена предност, (48:37).

Период во кој Димитријевиќ одигра нецели шест минути. Реализираше четири поени и по еден скок односно асистенција.

Во Фуенлабрада пак сосема спротивна слика. Гостите од Севиља имаа плус од 11.поени на полувремето (42:31).  

Но поважно од тоа, беше добрата игра на Витингтон кој за 11:18 минути во игра реализираше десет поени (3/3 за два и 1/2 за три поени), но и два скока.

Во второто полувреме следуваше потполн пад во играта на Хувентуд. Валенсија ишаше и предност од триесетина поени која гостите од Бадалона само се обидоа да ја симнат таа огромна негатива, на пристојна.

Валенсија постигна сто поени и славеше со плус 30, (100:70)

Димитријевиќ играше во тој „празен период“ од играта, и ја дополни својата индивидуална статистика.

Реализираше десет поени (4/6 од игра и 2/2 од линијата за слободни фрлања. Додаде и по два скока и две асистенции за 13:22.минути во игра.

Со скор (8-9), Хувентуд падна на делба на 10. позиција, заедно со уште три екипи. 

Во меѓувреме Реал Бетис го потврди своето водство и ја победи Монтекит Фуенлабрада со (85:69).

А Витингтон финишираше со 14.поени (2/6 за три, 3/5 за два и 2/3 за еден поен). За 24:06 минути во игра, силното крило имаше и шест скока

Тоа е и петта победа за „зелено-белите“ во првиот дел од сезоната во АЦБ лига со која бегаат од самото дно каде се Естудијантес и токму нивниот вечерашен противник, Фуенлабрада, кои имаат по една победа помалку.