Со победата над Манреса (84:74), Реал Бетис направи уште еден чекор напред во трката за опстанок во АЦБ лигата.
Одлични моменти за Шејн Витингтон во дресот на Реал Бетис.
Македонскиот репрезентативец имаше одличен старт, но даде и битна тројка во финишот на средбата со Манреса, која екипата од Севиља ја реши во своја корист.
Како гости „зелено-белите“ славеа со десет поени разлика (84:74).
Силното крило го почна мечот со две погодени тројки, и еден прецизен обид за два поени. Долго време не поентираше од игра, пред оние финални минути во кои даде тројка, Реал Бетис стигна до особено важна победа.
Победа број 8 за Витингтон и соиграчите во 23.одиграни кола, и сигурна 15.позиција на табелата во АЦБ лигата која носи опстанок во најсилната клупска конкуренција во Европа
За 21:54 минути како стартер, Витингтон финишираше со 11.поени (3/4 са три и 1/2 за два поени) и четири скока.