29.12.2023

Признание и за средношколските евро-шампиони

ВЈЕНЦИСЛАВ РАНГЕЛОВ: „Во нашите планови е да ја освоиме и Олимпијадата“

Македонската кошаркарска федерација ги награди и најдобрите кошаркари во Европа, во оние средношколски рамки.

Екипата на училишниот спортски клуб „Никола Карев“ од Скопје, ова лето стигна до првото место и златните медали на Европското првенство за средношколци кое се одржа во нашиот главен град.

„Благодарност до кошаркарската федерација на Македонија затоа што за прв пат доделува признание за училишна кошаркарска екипа. Се надевам дека и следната година ќе може да ни доделат уште една, затоа што во нашите планови е да играме и да ја освоиме и Олимпијадата“ – порача предводникот од клупата на европскиот шампион за средни учишита, Вјенцислав Рангелов.