Резултатот кој го направи нашата машка јуниорска репрезентација на Европското првенство во Скопје, каде стигна до највисокото место на подиумот, ќе биде наградено од страна на македонската влада.
За големиот успех, а на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, нашите репрезентативци „ Под18“ години добиваат парична награда во висина од три милиони денари.
„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.
Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“ – објави Претседателот на Владата, г-динот Христијан Мицкоски.