19.04.2021 „Европската куќа на кошарката инсистира на дресовите да стојат имињата на државите“- потенцира генералниот секретар Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, го искористи собирот со медиумите за да го објасни актуелниот момент поврзан со настапот на нашите национални селекции во квалификациите за Европското првенство, во двете конкуренции со дресови на официјалното име на нашата држава. „Би сакал да објаснам некои работи, на темата што беше многу актуелна во изминатиот месец и на која бевме критикувани, иако нема вина. Настапот со дресови Северна Македонија не беше наш избор. На претходните средби настапувавме со кратенката МКД, но бевме опоменати од ФИБА дека тоа веќе нема да се толерира. Европската куќа на кошарката инсистира на дресовите да стојат имињата на државите, поради што бевме немавме друг избор освен да настапуваме под името Северна Македонија“ - изјави Георгиевски.