24.11.2021

„Ние ќе се потрудиме тоа да не застане тука, и да биде пример и за другите“- потенцира генералниот секретар на КФСМ

Владимир Георгиевски:„Размислувањата ни се да не одобриме дозвола за настап на Зекири за Косово“

Играчот на Приштина Лејсон Зеири не се појави на првата прозивка во неделата, поради што генералниот секретар Влатко Георгиевски ја објасни ситуацијата со поранешниот младински, јуниорски и кадетски репрезентативец на нашата земја.

„На првиот собир се појавија сите, но само Лејсон Зекири не дојде. Официјален контакт со него немаме, но неофицијално слушнавме дека сака(л) да игра за Косово. Ова е неофицијална информација бидејќи контактиравме само негови блиски, за да видиме каде е и што е.

Ние немаме многу млади играчи, па да дозволуваме да играат за други држави. Засега, размислувањата ни се да не одобриме дозвола за настап за Косово, нормално ако дојде до тоа. Секако, тоа нема да застане тука. Но, политиката на ФИБА е малку ограничена и малку ѝ се врзани рацете на федерацијата. Ќе се потрудиме тоа да не застане тука и да биде пример и за другите“ – изјави генералниот секретар на нашата федерација во врска со непојавувањето на младиот кошаркар на подготовките на нашиот национален тим за претстојните квалификациски натпревари за Светскиот Куп 2023.