Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија на редовна седница официјално го назначи Владимир Ѓоровиќ за предводник на женската сениорска репрезентација.
Искусниот тренер на Струга 2009 во текот на летниот период работеше со сениорските репрезентативки пред почетокот на натпреварувачката сезона, а за првпат во својата кариера ќе застане на чело на сениорскиот национален тим.
Веќе в понеделник е закажан првиот собир на националната селекција која за точно две седмици ќе го одигра првиот натпревар во рамки на квалификациите за Европското првенство 2021.
Распоред на натпревари
Германија – Северна Македонија 14.11.2019 (19:00 часот)
Северна Македонија – Летонија 17.11.2019 (СЦ Јане Сандански; 19:00 часот)