10.09.2020

Откако стана деловен партнер на Цедевита Олимпија, во својот проект, Илиевски ја „спојува“ и школата „Петар Вилфан“

Владо Илиевски креира ново поглавје во Илирија, ќе му помага и славниот Петар Вилфан

Владо Илиевски продолжува да го реализира проектот наречен КК „Илирија“- Љубљана.

Еден од најпознатите македонски кошаркари на сите времиња, одлучи да направи своевидна доградба во плановите. Односно се одлучи во процесот да го вклучи и својот „дедо“ (татко на неговата сопруга, Ања), прославениот словенечки кошаркар, Петар Вилфан.

Кошаркарската школа „Петар Вилфан“ ќе биде составен дел од проектот, а договорот со Петар Вилфан, всушност е само дел од летните активности на Владо Илиевски.

„Македонецот од Љубљана“, како што многумина често го нарекуваат, кој остави свој белег во словенечката престолнина како кошаркар, во првата година од претседателската функција беше доста вклучен, пред сè, во финансиската рехабилитација на КК Илирија.

Сега Влатко вели дека клубот кој го води, е близу до „зелената линија“.

„Сега многу полесно се дише, и пред сè, полесно е да се разговара со потенцијални спонзори со јасна визија“- вели Илиевски.

Нашата кошаркарска легенда  најде доста важна помош од Цедевита Олимпија, која сега е и официјален партнер на КК Илирија.

Меѓу другото, „големиот брат“ ќе ги испрати Егор Ситников, Михо Церквеник и Лука Текавчиќ во „Тиволи“ на доусовршување. Ален Маловчиќ, првиот играч на второлигашот од Љубљана во минатата година, исто така беше во плановите на двата клуба. Но тој реши да се пресели во Подгорица кога ќе наполнат. Има уште некои празнини во персоналот, но Нико Башвиќ, Тим Осолник, Марко Пајиќ и Харис Чужовиќ дефинитивно се селат во Љубљана.

Исто така, по добро одработената година, тренерот Саша Дончиќ се врати во КК Илирија.

„Верувам дека ‘Донке’ е идеален избор за овој проект. Тој е тренер кој повеќе се чувствува како играч. Тој го прифати концептот на клубот. Тој е многу мотивиран и истовремено некој што се осмелува да ги турка младите луѓе во првите редови"- појаснува некогашниот македонски репрезентативец.

„Асистенти на Дончиќ-сениор, татко на НБА сензацијата Лука,  ќе бидат Стипе Модрич, кој го превзема и тимот до 17 години. А на иницијатива на Олимпија дојде и Лука Басин, како тренер за развој, тој ќе биде одговорен за играчите од Стожице“- уверува Илиевски, кој најавува и обновување на боите и имиџот на клубот.

Со последната рехабилитација и зајакнување на новите темели на клубот, една од целите на Илирија е да се врати на прволигашката сцена. Тогаш, како што се надева Влатко, ќе биде полесно да се предложат играчи во ‘Тиволи’ или да се преговара со Олимпија за еден малку поинаков статус.

„Мило ми е што Олимпија Цедевита гледа на овој проект на сличен начин. На долг рок, треба да бидеме во улога на клуб кој создава играчи кои се наоѓаат блиску до првата екипа на Олимпија Цедевита. Но, за една сезона, клубот може да развие само ограничен број кошаркари. Еден, двајца или најмногу тројца играчи. Секако, целиот тој процес бара и искусно јадро, бидејќи младите не можат да бидат турнати во оган без помош од постарите“-додава актуелниот предводник на Илирија.