Нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција деновиве се подготвува за двата натпревара кои им претстојат на распоредот во рамки на квалификациите за Евробаскет 2019. Сениорките в сабота ќе ја нагостат селекцијата на Хрватска со која првпат ќе се пресметаме во рамки на евроквалификациите. Четири дена подоцна сениорките повторно ќе си ги одмерат силите со Италија, на гостински терен.
На натпреварот против Хрватска ќе ја бараме нашата шанса, истакна Ивана Кметовска на првиот собир, а на нејзините зборови се надоврзаа и капитенот Анџелика Митрашиновиќ како и селекторот Марјан Лазовски. Поддршката од трибините ќе биде и тоа како потребна.
Вратите од VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени за сите љубители на спортот со портокаловата топка кои ќе сакаат да ги поддржат нашите репрезентативки.
Натпреварот ќе започне во 20часот и 45минути и истиот ќе биде пренесуван во живо на првиот програмски сервис на националната телевизија МРТ.
Да ги исполниме трибините и да ги поддржиме сениорките!