03.09.2020

Главниот град на Грција ја доби организацијата на „Фајнал-ејт“ турнирот

Во Атина ќе се одлучува кој ќе биде најдобар во ФИБА Лигата на Шампионите

Атина ќе биде домаќин на завршниот турнир на ФИБА Лигата на Шампионите, одлучи Бордот на најквалитетното натпреварување во организација на Свтската кошаркарска федерација.

Во периодот од 30.септември до 4.октомври, „Никос Галис“ Арената (домото на атински АЕК) со капацитет од 18.000 седишта, во грчката престолнина ќе ги пречека осумте најдобри екипи во ова натпреварување кои ќе го дадат новиот шампион на Европа.

Засега се познати шест учесници на завршниот турнир: АЕК (Грција), Сарагоса, Сан Пабло Бургос (Шпанија, Нимбурк (Чешка), Хапоел Ерусалим (Израел) и Турк Телеком (Турција).

Последните два ќе го даде разврската во ТОП 16 фазата, односно дуелите помеѓу екипите на:

Дижон (Франција)-Нижњи Новгород (Русија)

Тенерифе (Шпанија)-Остенде (Белгија)

Овие два натпревари е предвидено да се одиграат на 16. септември (од 20.30 часот), но овој термин ќе биде разгледуван во зависност од ситуацијата која ја предизвика пандемијата од КОВИД-19 на Стариот континент и во светот воопшто.

По одигрувањето на овие мечеви ќе биде познат и распоредот на натпреварите на „Фајнал-Ејт“ турнирот во Атина.     

Според сатнината, на 30.септември ќе се одиграат две средби од четврфиналето. Следниот ден, на 1. октомври ќе се играат другите две четвртфинални средби.

Полуфиналето е на програмата на 2. октомври, додека место за третото мето и големото финале ќе се играат на 4. октомври.

Со или без присуство на публика, ќе одлучи државниот комитет за здравство на Грција.

Претходно, со одлука на Бордот на ЛШ, на 12. март беа прекинати сите активности во ова натпреварување, додека на 30.март беше одлучено натпреварите од Лигата на Шампионите да продолжат кога ќе бидат создадени услови за одигрување на овој завршен турнир.