25.02.2021

Од 4. до 6. јуни по шест селекции, во двете конкуренции, ќе се борат за едно место во Токио...

Во Дебрецин ќе се доделат последните билети за настап на „3х3“ олимпискиот турнир

Вториот најголем град во Унгарија – Дебрецин, ќе биде домаќин на финалниот квалификациски турнир за настап на Олимписките игри во натпреварите„3на3“.

По шест репрезентации во машка, односно во женска конкуренција, од 4.до 6.јуни ќе го дадат и последниот учесник на премиерниот турнир во 3х3 на летните Олимписки игри, кои оваа година ќе се одржат во Јапонија.

Во машка конкуренција, автоматски се квалификуваа селекциите на Унгарија, Монголија, Словенија, Холандија, Летонија и Полска, додека националните тимови на Белгија, Украина и Романија се на „листата на чекање“ ако се откаже некој од квалификуваните.

Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат националните „баскет“ тимови на Унгарија, Јапонија, Иран, Холандија, Италија и Кинески Тајпеј, а резерви се Естонија, Германија и Украина.