20.09.2023

Семинарот беше задолжителен за тренерите за добивање на „Ц“ лиценца од регионот на Струмица,Кавадарци, Неготино и Радовиш

Во Гевгелија одржан семинар за тренери во младинските категории

Здружението на кошаркарски тренери на Македонија одржа семинар за младинските категории во Гевгелија.

Семинарот беше задолжителен за тренерите за добивање на „Ц“ лиценца за регионот на Струмица, Кавадарци, Неготино и Радовиш и на истиот присуствуваа 18 тренери.

Предавачи беа Горан Крстевски, асистент-тренер во женската селекција „Под 18“ години и Никола Василев, селектор на машката селекција на Македонија „Под 20“ години, кои со „логистика“ на младите кошаркари на КК Кожув (селекција М18)  ги демонстрираа планираните активности на овој собир во салата „26.април“ во Гевгелија.