01.01.2021

Младиот Словенец е најдобриот европски играч кој игра надвор од границите на Стариот континент

ВО ИЗБОРОТ НА „ЕВРОБАСКЕТ“: Без конкуренција - Лука Дончиќ!

Традиционално, сега веќе 17. година по ред, една од најугледните кошаркарски „страници“ на Стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.

Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници. И играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА.

Младиот Словенец во својата трета сезона во Далас, се промовира себеси во најдобрите европски играчи во најсилната лига на светот. Словенечкиот „дијамант“ дојде до неверојатен просек од скоро 30.поени по натпревар, лани беше трет додавач во лигата со просек од 8.8 асистенции. А имаше и 9.4 скокови по меч, и беше многу блиску до „троен ефект“, што е вистинско, ретко остварување за еден така млад играч.

Неговиот репрезентативен соиграч, Горан Драгич ја држи втората бековска позиција-плејмејкерската. Искусниот Словенец го водеше Мајами до големото финале на НБА лигата кое се играше во „балонот“ во Орландо. Повредата го спречи да не ги одигра сите мечеви од финалната серија со ЛА Лејкерс, која Хит ја загуби со вкупни (2:4).

 Во својата 13. НБА сезона, имаше просек од 16.8 поени, 4.9 асистенции и 3.4 скока на еден натпревар.

Шеста година по ред Јанис Адетокумпо е прогласува за најдобро се-европско крило. А минатата сезона по втор пат ја доби и главната индивидуална награда – МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Но не успеа во главниот план, со Милвоки Бакс да дојде до титулата во НБА. Ќе проба во наредните пет години, повторно со Бакси со кои потпиша максимален договор.

Колегите од „Евробаскет“ во овој момент, не пронајдоа подобра „четворка“од Никола Миротиќ. Високото крило на Барселона по преселбата од НБА во Каталонија продолжи со одличните изведби со кои донесе вистински „препород“ за Барселона, која полека, но сигурно се враќа на челните позиции во евролигашката конкуренција. Со Миротиќ во тимот е се многу полесно за екипата од „Блауграна“.

Не е никакво изненадување, напротив. Никола Јокиќ е најдобриот играч на центарската позиција. Јасно и поради што ако се земе в предвид дека зад себе Србинот имаше уште една неверојатна сезона исполнета со 20.9 поени, 9.8 скока и 6.8 асистенции на сите 92. средби во сезоната прекината, па довршена во „меурот“ во Орландо во оваа 2020 година која ја оставаме зад нас.

Исто така, по втор пат во својата кариера, популарниот „Џокер“ настапи и на натпреварот на „сите ѕвезди“ во НБА лигата.  

ИЗБОРОТ НА ЕВРОБАСКЕТ

Се-европски играч на годината: Лука Дончиќ (Далас)

Се-европски бек на годината: Лука Дончиќ (Далас)

Се-европски бек-шутер на годината: Горан Драгич (Мајами)

Се-европско ниско крило на годината: Јанис Адетокумпо (Милвоки)

Се-европско силно крило на годината: Никола Миротиќ (Барселона)

Се-европски центар на годината: Никола Јокиќ (Денвер)

ПРВА СЕ-ЕВРОПСКА ПЕТОРКА

Горан Драгич (Мајами)

Лука Дончиќ (Макаби Тел Авив)

Јанис Адетокумпо (Милвоки)

Никола Миротиќ (Барселона)

Никола Јокиќ (Денвер)

ВТОРА СЕ-ЕВРОПСКА ПЕТОРКА

Василије Мициќ (Анадолу Ефес)

Еван Фурние (Орландо)

Бојан Богдановиќ (Јута)

Торнике Шенгелија (Баскониа/ЦСКА)

Руди Гобер (Јута)

ОСОБЕН ПРИДОНЕС

Денис Шродер (Оклахома/ЛА Лејкерс)

Богдан Богдановиќ (Сакраменто/Алтланта)

Владимир Лучиќ (Баерн Минхен)

Данило Галинари (Оклахома/Атланта)

Никола Вучевиќ (Орландо)