Традиционално, сега веќе 17. година по ред, една од најугледните кошаркарски „страници“ на Стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.
Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници, играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА.
Ласкавото признание за играч на годината според „Евробаскет“, го доби бекот на турскиот Анадолу Ефес, Шејн Ларкин.
Играч кој имаше неверојатна сезона зад себе која за жал не ја круниса со титула во Евролигата која поради коронавирусот беше прекината пред онаа финална фаза во која тимот од Истанбул влезе како еден од топ-фаворитите за евролигашкиот трофеј. Имаше просек од 22.2 поени, 4.1 асистенции и 3.8 скокови на 25. мечеви во Евролигата.
Во идеалната петорка на „Евробаскет“ има место и за уште еден бек, на Макаби од Тел Авив, Скоти Вилбекин. Играч кој беше во идеалната петорка на шампионатот на Израел, и во вториот тим на Евролигата.
На позицијата на ниско крило, изборот падна на српскиот интернационалец од редовите на Баерн од Минхен, Владимир Лучиќ. Во својата петта сезона во баварскиот гигант, имаше повеќе од 10. поени на 45. средби по ред, и вистински лидер на тимот кој си го бара своето место во Евролигата.
Најдобар во изборот на силно крило е повратникот во европската кошарка, Никола Миротиќ. Клуч на успесите на каталонскиот великан, избран во идеалните пет на Евролигата, и крило на годината во оваа конкуренција.
Изборот на „идеалните пет“ се затвора со центарот на Реал Мадрид, Валтер Тавареш. Помалку изненадувачки, Бразилецот е и најмладиот во оваа топ-конкуренција. Важи како најдобар блокер во Евролигата со просечни 2.2 блокади по натпревар, а во оваа сезона ја надмина просечната бројка од повеќе од десет поени по меч.
Тренер на годината е Ергин Атаман. Предводникот на истанбулските „пивари“, кој имаше неверојатна трка за евролигашкиот пехар која ја прекина пандемијата на Ковид-19. Сезона во која Анадолу Ефес имаше најдобар скор во Евролигата, 24.победи и само 4.порази.
ИЗБОРОТ НА ЕВРОБАСКЕТ ЗА 2020 ГОДИНА
Европски играч на годината: Шејн Ларкин (Анадолу Ефес)
Европски бек на годината: Шејн Ларкин (Анадолу Ефес)
Европски бек-шутер на годината: Скоти Вилбекин (Макаби Тел Авив)
Европско ниско крило на годината: Владимир Лучиќ (Баерн Минхен)
Европско силно крило на годината: Никола Миротиќ (Барселона)
Европски центар на годината: Валтер Тавареш (Реал Мадрид)
Европски тренер на годината: Ергин Атаман (Анадолу Ефес)
ПРВА ЕВРОПСКА ПЕТОРКА
Шејн Ларкин (Анадолу Ефес)
Скоти Вилбекин (Макаби Тел Авив)
Владимир Лучиќ (Баерн Минхен)
Никола Миротиќ (Барселона)
Валтер Тавареш (Реал Мдрид)
ВТОРА ЕВРОПСКА ПЕТОРКА
Мајк Џејмс (ЦСКА Москва-
Василије Мициќ (Анадолу Ефес)
Вил Клејбурн (ЦСКА Москва)
Торнике Шенгелија (Баскониа/ЦСКА)
Бојан Дубљевиќ (Валенсија)
ОСОБЕН ПРИДОНЕС
Факундо Кампацо (Реал Мадрид)
Ник Калатес (Панатинаикос/Барселона)
Шевон Шилдс (Армани Милано)
Треј Томпкинс (Реал Мадрид)
Никола Милутинов (Олимпијакос/ЦСКА)