13.11.2021

Влезот во салата на СРЦ „Кале“ е слободен, чекаме „камбек“ на Бонер и Кметовска

Во недела ни гостува БиХ,со Џонкел Џонс, најкорисниоt играч во WNBA лигата

Вo недела во Скопје, во рамките на  второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2023 година, ни гостува силната репрезентација на Босна и Херцеговина.

Селекција која бележи рапиден напредок последните години. Босанките играа и на Евробаскетот минатото лето, а таму беа и најпријатно изненадување, освојувајќи го петтото место.

Дефинитивно, најголемата причина за успесите на БиХ е натурализираната Џонкел Џонс, актуелен МВП од основниот дел на сезоната во ВНБА.

Кошаркарка која на првиот натпревар од овие квалификации, и победата (87:81) против Белгија (третопласирана од последното Европско првенство), постигна 44 поени и 22 скока и оствари индекс 51!

ФОТО: Џонкел Џонс, главниот адут на БиХ во квалификациите за Евробаскет 2023

Единствениот лош сегмент во нејзината игеа беа загубените топки кои ги имаше дури седум.

Од друга страна, во нашиот тим силно го очекуваат и го посакуваат враќањето во тимот на Девана Бонер, и на Ивана Кметовска.

Ако се биде во ред, публиката во Скопје ќе има ретка прилика да го види меѓусебниот дуел на двете соиграчки, но и добри пријателки, Девана Бонер и Џонкел Џонс.

Влезот на натпреварот кој се игра во недела од 19.часот, во салата на СРЦ „Кале“ ќе биде слободен.

Со забелешка дека сите посетители ќе мора да се придржуваат согласно со протоколот на КФСМ  за одигрување на официјани натпревари во затворен простор – сала.