06.08.2022

Македонија ја совлада Црна Гора (65:62), па утре против уште една селекција од поранешната држава ќе бара останување кај најдобрите

Во недела, од 12.45 часот, играме против Хрватска, за опстанок во јуниорската елита

Нашите најдобри јуниори нема да имаат воопшто лесна задача да обезбедат опстанок во „А“дивизијата бидејќи противник во клучниот натпревар за опстаној на Европското првенство во Измир ќе им биде репрезентацијата на Хрватска.

Во текот на подготвителниот период, двете селекции одиграа два контролни натпревари, и двата на гостински терен, во Дарувар, и остварија по една победа.

Интересно е тоа што поразот од нашата јуниоrска селекција беше и единствениот за Хрватска во текот на подготовките (имаа седум победи). „Коцкестите“ денеска остварија убедлива победа против Велика Британија (85:52), па утре со Македонија, во натптреварот за 13. место на турнирот, кој стартува од 12.45 часот, ќе одлучуваат кој ќе остане во елитната дивизија.