20.04.2024

Забавата за идните кошаркари стартува од девет часот...

Во недела, во СРЦ „Кале“, уште еден кошаркарски хепенинг

Македонската кошаркарска федерација организира уште еден Минибаскет фестивал за сите клубови во оваа натпреварувачка сезона.

Овој втор хепенинг за најмладите возрасни категории, ќе се одржи на 21.април (недела), во салата на СРЦ „Кале" во Скопје.

Забавата за идните кошаркар(к)и стартува од девет часот...

А овојпат, поканата важи за младите кошаркар(к)и од генерациите: 2014/15 машки, 2014/15 женски, 2016/17 машки и 2016/17 женски.