21.10.2020

За актуелниот момент во Евролигата се огласи и Жељко Обрадовиќ, предводникот на тренерската Асоцијација на Евролигата...

Во овој момент најголемата победа би била - полни сали, а не трофејот на Евролигата

Евролигата и европската клупска кошарка воопшто, се во големи проблеми поради коронавирусот. Се одложуваат мечеви, во текот на вчерашниот ден уште три, се бараат решенија, се менуваат правилата...

Јасно е дека владее голема неизвесност.

Во „морето на мислења“, стигна уште едно, директно од најтрофејниот европски тренер, и претседател на тренерската Асоцијација на Евролигата – Жељко Обрадовиќ.

„Здравјето е над сè. И околу тоа преговори нема“- се наведува во соопштението.

Асоцијацијата на тренерите даде подршка на последните промени кои ги направи Евролигата во барањата за најдобри решенија.

„Ковид-19, влијае на сите сфери од животот. Луѓе умираат ширум светот. Кошарката и сите учеснии на евролигашките натпреварувања, исто така се под влијание, и сите патиме подеднакво. Онаа пандемија нè скрши, а понекогаш нè прави беспомошни, но сите се надеваме“- се наведува во соопштението на „EHCB“.

Тренерите пружаат подршка на сите луѓе и на нивните семејства заразени со коронавирусот. Меѓу кои беа и тренерите Шарунас Јасикевичиус и Димитрис Итудис, додека меѓу „активните“ е Чави Пасквал, како и некои играчи и функционери од Зенит.

Тренерите ја истакнуваат и поддршката на Евролигата, и дека сакаат тоа да биде  потенцирано во јавноста. Во рамките на таа поддршка, влегува и последната одлука на Евролигата, да не се одземаат бодови кога тимовите немаат доволен број на здрави играчи, туку натпреварите да бидат презакажани во некои друг(и) термин(и).

„Не доаѓаме со конкретни решенија. Но имаме предлози и мислења, на пример околу оние медицински протоколи. Како и сите навивачи и љубители на кошарката, сите едвај чекаме да се вратиме што е можно појаки. Најголемата победа во овој момент не би била освојување на Евролигата, туку моментот кога салите повторно ќе бидат исполнети до последното место“- се дополнува во соопштението на Асоцијацијата на тренерите во Евролигата.