Селекцијата на Шпанија, актуелен шампион на светот, е во средината на транзицијата кон новата генерација. Токму тоа сакаа(т) да го слушнат и видат сите други тимови во групата А на ФИБА Евробаскеттот 2022 година.
Турција изгледа како солиден кандидат да стигне до последните фази од овој настан. Грузија ќе се надева дека ќе може да направи нешто на домашен терен со нивниот супер-голем состав, во кој во псоелдне момент отпадна нивниот најголем адут – Торнике Шенгелија.
Белгија се надева дека ќе ги надогради своите позитивни работи кои започнаа многу назад во претквалификациите за овој настан.
Црна Гора беше доцна вклучена на овој собир, по суспензијата на Русија, но сепак изгледа силно како и секогаш, додека Бугарија има суперѕвезда во Саша Везенков, што би можело да им биде билет и за Берлин.
ГРУПА А
AКТУЕЛЕН ФИБА РАНКИНГ:
2 (свет). ШПА Шпанија 1 (Европа). 724,0
16 (свет). ТУР Турција 12 (Европа) 504.6
25 (свет) МНЕ Црна Гора 14 (Европа) 399.6
36 (свет) ГРУ Грузија 18 (Европа) 301.5
37 (свет) БЕЛ Белгија 19 (Европа) 296.6
52 (свет) БУГ Бугарија 29 (Европа) 208.5
ТИМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПОБЕДИ: Шпанија
Имаше бројни лекции низ историјата на кошарката, сите се сведуваат на еден заклучок: Секогаш кога зборувате за тимови што треба да се победат и се конкуренти за подиумот, погрижете се да ја вклучите Шпанија во комбинацијата, бидејќи тие го направија победувањето нешто како навика.
Светските шампиони се без браќата Гасол... Рики Рубио исто така е надвор од теренот, а Серхио Љуљ се повреди во тренинг кампот, што значи дека „фуријата“ мораше целосно да го обнови својот список. За среќа, тие го имаат еден од најголемите кошаркарски мозоци кои ги оркестрираат промените.
Серхио Скариоло излезе со нов план. Лоренцо Браун сега ги извршува должностите на плеј, браќата Ернангомез се подготвени за поголеми улоги, Руди Фернандез ќе обезбеди лидерство во улогаа на ветеран, додека Усман Гаруба и Џоел Пара се „младите пиштолџии“.
Тие можеби го немаат талентот на нивната златна генерација, но овој тим и нивниот менталитет на прво место, значи дека тие сè уште се тимот што треба да се победи во групата „А“.
ИГРАЧ НА КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ: Алперен Шенгун
20-годишниот центар на Турција е „вистинската работа“. Хјустон Рокетс знаеја што добиваат долгорочно кога заменија неколку избори од првото коло на Оклахома Сити Тандер за Шенгун на НБА драфтот во 2021 година, но никој не очекуваше дека тој ќе процвета толку брзо.
Минатата сезона одигра 72. натпревари во НБА лигата, од кои стартуваше на 13, реализирајќи во просек по 9,6 поени, 5,5 скока и 2,6 асистенции за само 20,7 минути по натпревар.
Со турската репрезентација летово веќе имаше неколку големи натпревари - 17 поени, 13 скока и 2 блокади против Србија; 10 поени, 8 скока и 7 асистенции против Грција.
Со неговата гравитација во средината, момците како Фуркан Коркмаз, Чеди Осман и Шејн Ларкин би можеле да добијат многу простор за напад и да ја однесат Турција на нови височини во 2022 година.