31.08.2022

...

ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2022 – ГРУПА Б: Четири кандидати за медал во една група

Групата „Б“ лесно може да се означи како „група на смртта“ на ФИБА Евробаскет 2022. Најмалку четири тима од оваа група имаат реални очекувања да се искачат на подиумот во Берлин.

Актуелниот шампион, Словенија, ќе биде таму со МВП на ФИБА Евробаскет 2017, Горан Драгиќ, кој е повторно во тимот, по петгодишна пауза. Тие можеа да бидат и олимписки медалисти, но Франција ги победи со шут во последната секунда во полуфиналето во Саитама минатото лето. Пред крајот на ова, ќе бидеме сведоци на реванш натпревар во Германија.

Литванија ја има веројатно најдобрата центарска комбинација, во рекетот се Домантас Сабонис и Јонас Валанчиунас, а шансите на Германија се зголемуваат кога ќе земете во предвид дека го освоија ФИБА Евробаскет 1993 како домаќин, па зошто да не го повторат тоа и сега?

Босна и Херцеговина и Унгарија изгледаат како аутсајдери во оваа група, што доволно говори за тоа колку навистина е силна оваа група. Извесно, и двете селекции би биле фаворити за место во следниот круг од натпреварите од која било друга група на овој настан.

ГРУПА „Б“ АКТУЕЛЕН ФИБА РАНКИНГ:

4 (свет), ФРА Франција 2 (Европа) 673.4

5 (свет) СЛО Словенија 3 (Европа) 671.2

8 (свет)ЛИТ Литванија 5 (Европа) 651.4

11 (свет) ГЕР Германија 8 (Европа) 603.9

43 (свет) УНГ Унгарија 21 (Европа) 261.0

46 (свет) БИХ Босна и Херцеговина 24 (Европа) 247.6

 

ТИМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПОБЕДИ: Словенија

Руди Томјанович го изговори незаборавниот цитат „никогаш не го потценувај срцето на шампионот“... И тоа важи во овој случај затоа што, се додека го имаат целосниот тим на располагање, бранителот на титулата треба да биде фаворит број еден за да го врати назад.

Словенија покажа дека е повеќе од еден експресен успе, оној во Истанбул. Дури и без нивниот талисмански лидер Горан Драгич, тие продолжија да ја запрепастуваат публиката со својот капацитет во Литванија за време на олимпискиот квалификациски турнир на ФИБА минатото лето.

Извесно е дека може да бидат и репризирани некои од мечевите од оваа група, во оние елиминициски фази од шампионатот, па и битките за медал(и)

Словенија е како „број 1“ тим што треба да се победи.  Но во таква улога лесно  можеше да биде Франција, Литванија или Германија - дури и Босна и Херцеговина можеше да влезе во комбинација откако ја победи Франција во европските квалификации за Светското првенство 2023, само неколку дена пред собирот. во Келн.

 

ИГРАЧ НА КОЈ ТРЕБА ДА МУ СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ: Лука Дончиќ

Наместо да опишувате што може да направи Лука Дончиќ, веројатно е најдобро само да ги споделите резултатите од анкетата за медиуми пред ФИБА Евробаскет 2022.

Дончиќ доби 41,8 отсто од гласовите на медиумите кога станува збор за предвидување кој ќе биде МВП на турнирот.

Тој доби 60,8 отсто од гласовите за да биде најдобар стрелец; 35,4 отсто гласови за лидер кај асистенциите и 45,6 проценти да биде играчот што ќе го изведе најмногу обиди од поле.

Тој веќе беше избран во Ол-стар поставата во 2017 година, како 18-годишник. Сега, на 23. години, тој отклучи нови нивоа на неговата игра што го прават, сосема веројатно, највозбудливото нешто за гледање во кошарката во моментов.