Сите шест екипи од групата која ќе разигрува во Милано, имаат исто мото. Италија, Грција, Хрватска, Естонија, Велика Британија и Украина сакаат да стават крај на долгата серија на неуспеси и да стигнат до подиумот.
Грција последен пат се искачи на пиедесталот во 2009 година во Полска, победувајќи ја Словенија во битката за третото место.
Италија, својот последен медал на ФИБА Евробаскет го освои во 2003 година, а Хрватска го доби во 1995 година.
Додека пак, Естонија, Украина и Велика Британија никогаш не стигнаа до првите три места на континенталниот самит.
Со Јанис Антетокумпо во својот состав, Грција изгледа како силен фаворит за освојување на групата.
Италија ќе се потпре на домашниот терен и домашната публика за да се врати од повредата на Данило Галинари, додека на Хрватска и треба нешто да се надоврзе откако не успеа да стигне до вториот квалификацвиски круг за Светското првенство.
Украина, Естонија и Велика Британија имаа повеќе од импресивни квалификациски кампањи за да го резервираат своето место во Италија. И сега е прашање на „претворање“ на тие добри вибрации во нешто поголемо со резервирање билети за чартер-лет до Берлин, и место во елиминациската фаза.
ГРУПА „Ц“ - АКТУЕЛЕН ФИБА РАНКИНГ:
9 (свет) ГРЦ ГРЦИЈА (Европа) 650.9
10 (свет) ИТА Италија 7 (Европа) 645.1
21 (свет)ХРВАТСКА Хрватска 13 (Европа) 469.8
32 (свет) УКР Украина 16 (Европа) 331.4
45 (свет) ВБР Велика Британија 23 (Европа) 248.6
48 (свет) ЕСТ Естонија 26 (Европа) 219.2
ТИМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПОБЕДИ: Грција
Сега е времето... Грција го состави својот најимпресивен ростер по долго време, а најголемата ѕвезда е незапирливиот Јанис Антетокумпо.
Сите негови браќа беа таму за да го започнат тренинг кампот, но според анкетата на медиумите, суперѕвездата на Милвоки Бакс не е единствената причина Грција „да оди подолго“, до крајот на ЕП.
Тоа е затоа што Димитрис Итудис беше избран за најдобар тренер на првенството, со 27,8 отсто од гласовите, што е двојно повеќе од гласовите што Светислав Пешиќ ги доби во анкетата.
Кога ќе ја видите неговата колекција на трофеи со две титули во Евролигата како главен тренер и уште пет како асистент, лесно е да се види зошто постои оптимизам за комбинацијата Итудис и Антетокумпо.
Ќе биде малку „дежа ву“ за Јанис и за Грција, соочувајќи се со Хрватска и Италија на „чизмата“.
Во 2016 година, сите три селекции беа во Торино на олимпискиот квалификациски турнир на ФИБА, при што Хрватска заврши како победник и резервира билет за Рио де Жанеиро.
И Грција и Италија ќе ја сметаат оваа група како шанса да ги избришат тие болни спомени.
ИГРАЧ НА КОЈ ТРЕБА ДА МУ СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ: Јанис Антетокумпо
Секако, тоа можеше да биде и Бојан Богдановиќ од Хрватска или Симоне Фонтекио од Италија. Тоа можеше да биде било кој од естонските играчи со висок профил, или можеше да биде Украинецот Алекс Лен и Сви Михаиљук. Тоа можеше да биде лидерот на стрелците на ФИБА Евробаскет 2017, Гејб Оласени, но во реалноста, штом Јанис Антетокумпо „влезе во разговорите“, нема конкуренција, односно друг предлог.
27. годишниот играч веќе има титула во НБА-лигата, освоена како МВП на финалето, со уште две МВП награди во регуларниот дел од сезоната и шест селекции на НБА Ол-стар и Ол-НБА тимови.
Застрашувачкиот дел е што тој се подобрува, минатата сезона имаше просек од 29,9 поени по натпревар во кариерата. И уште еден рекорд во кариерата со 31,7 поени по натпревар во плеј-офот.
Тој би можел да го направи и личен ФИБА Евробаскет 2022. Одејќи против Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, се чини дека би можеле да имаме епска битка околу тоа прашање, која е најголемата меѓународна ѕвезда во кошарката во овој момент?